EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Центарот на Шарлот Хорнетс, Каи Џонс, доби отказ откако јавно побара трејд на Твитер на почетокот на неговата трета сезона во НБА лигата. Хорнетс дефинитивно го отпуштија и големо прашање е кој ќе биде спремен да ризикува и да потпише со играчот од Бахамите, роден во јануари 2001 година, кој остави навистина занемарлива трага во првите две сезони во лигата.

Тешко е да се наброи што се си дозволи Џонс за да се доведе во оваа ситуација, а уште потешко е да се разбере што се случи со кошаркарот кој беше избран како 19. пик на драфтот во 2021 година.

Сезонава требаше да има загарантирани три милиони долари, но во текот на летото повторно се избламира.

Џонс држеше „лајвови“ на социјалните мрежи, при што ги „прозиваше“ соиграчите и брутално ги навредуваше, а ќе остане запаметен и по тоа што го пецна најдобриот – Леброн Џејмс.

  • Дали би го победил Брон еден на еден? Да, 100 проценти!, напиша Џонс на социјалните мрежи прогласувајќи се за најдобар кошаркар во историјата на НБА.

Згора на сите прозивки, ситуацијата целосно ескалира кога Џонс јавно побара трејд, твитувајќи: „Официјално побарав да ме трејдуваат од Шарлот Хорнетс“.

Секако, ова не им се допадна на луѓето од Шарлот, па прво парично го казнија својот кошаркар, а потоа и му удрија „клоца“.