ДКСК: Постапуваме во рамки на надлежностите, неселективно ги разгледуваме пријавите, а одлуките се носат на седница

22

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека е изненадена од изјавите на политички партии кои се обидуваат нејзиното работење да го искористат за дневно политички пресметки.

Ваквите неаргументирани напади, посочуваат од ДКСК, се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста.

ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети. Имајќи предвид дека борбата со корупцијата е приоритет во земјава, Комисијата очекува сите чинители во државата да дадат свој придонес и заедно да се избориме со ова општествено зло, што е можно само со искрени и заеднички залагања од страна на сите фактори во општеството, потенцираат од ДКСК.