Играчот од средниот ред Анхел ди Марија се произнесе за својот можен трансфер во Јувентус.

  • Јувентус е најголемиот клуб во Италија, еден од оние што се заинтересирани за мене. Размислувам, но во моментов сум фокусиран на мојот одмор и на моето семејство. Рома? Не ми е грижа – изјави Ди Марија за „ESPN Аргентина“.

Ова лето, аргентинскиот напаѓач го напушти ПСЖ како слободен играч. Не го продолжи договорот со францускиот клуб во кој настапува од 2015 година.

Како дел од ПСЖ, Ди Марија пет пати стана француски шампион, четири пати го освои Купот на Франција, а пет пати Суперкупот.

Ди Марија минатата сезона забележа 31 настап за ПСЖ и постигна пет гола и девет асистенции.