Дијаз ќе биде „петел“

49

Англискиот премиерлигаш Ливерпул доби сериозна конкуренција во ривалот од домашниот шампионат, тимот на Тотенхем, кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на португалскиот гигант Порто, Луис Дијаз. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона крилниот напаѓач го привлече вниманието и на раководните лица на Тотенхем кои се подготвени да одвојат околу 45 мил. евра за неговото обештетување.