Диносаурусите од Ченто се вселија во Зоолошка

139

Пристигна првиот од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски, кои беа населени во паркот во населбата Ченто. Станува збор за скулптури на изумрени праисториски животни птеродактил, трицератопс и раптор во природна големина кои Миневски ги има направено од рециклирано отпадно железо,

– Андреј се приклучи во кампањата “Креирај и донирај”, а неговите уметнички дела посетителите ќе може да ги видат до јуни. Голема благодарност до господинот Миневски и до ЈП “Водовод и канализација” кои ги пренесуваат диносаурусите и несебично секогаш и помагаат на Зоолошката градина, информираат од Зоолошка.

За да креира една ваква фигура на Миневски му требаат три месеци. Вели дека железото кое за него е богатство го собира од отпади и автосервиси, а во неговата работилница од која излегуваат најразлични уметнички креации, му го носат и пријатели.

Тој има голема желба во иднина кај нас да се отвори голем парк со повеќе железни скулптури.

– Сакам да имаме еден голем Јурастик парк кој би бил наш, македонски Дизниленд што би привлекувал туристи од соседните држави, но и од подалеку. Мислам дека многу би доаѓале да го видат паркот бидејќи кога ќе влегувате во него, како да сте отишле на друга планета – вели Миневски.
(С.Бл.)