ДЕФИНИТИВНО: Во Србија ќе патуваме без корона-тест !

За патување во Србија македонските државјани не мора да прават тест за ковид-19. Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст. Дали за патување во Грција ќе бидат потребни корона- тестови или не, се очекува да се објави секој момент

75

Дали ќе се патува во Грција без корона-тестови ќе се знае по министерската видеоконференција на шефовите на македонската и грчката дипломатија за координација на која ќе стане збор за можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, исполнувајќи ги потребните медицински критериуми, како и за заемната поддршка на економиите на земјите. Туризмот беше една од главните теми на квадрилатерална средба, која беше закажана за вчера доцна попладне на која учествуваа премиерите на Грција, Бугарија, Романија и претседателот на Србија и министрите за надворешни работи и за здравство на четирите земји.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, ден пред конференцијата, истакна дека подготвуваат кохерентен план за рестартирање на туризмот, во кој ќе бидат вклучени сите аспекти и здравствените и во однос на патувањето, но и економските. Тој рече дека постојат разговори за билатералните договори со други земји и уште еднаш повтори дека летово нема да биде како ланското и не треба да се прави споредба.

Во меѓувреме, мерката за задолжителен превентивен карантин од 14 дена за патниците од сите националности, кои од која било меѓународна дестинација пристигнуваат во Грција, е продолжена до 31 мај 2020 година. Издадени се  конкретни упатства за патниците кои авионски пристигнуваат во земјата, а исклучок се транзит летовите, државните летови, здравствените, хуманитарните, воените, карго летовите, како и летовите на „Фронтекс“. Забрана до 31 мај 2020 година важи и за летовите од и кон Грција од Македонија, Албанија и Турција, а за авионското поврзување со Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија.

Копјата меѓу туристичките асоцијации на Грција и владата се водат околу третирањето на туристите од соседството тука мислат на нас и Србите, како најредовни гости, но и на Албанците и Бугарите кои во голем процент поминуваат на одмор во Грција. Имено, туристичките работници инсистираат да има поблаги мерки за туристите од соседството и да не им се бараат тестови за вирусот, туку да им се мери температура на влез во државата. По притисокот што го вршат врз грчката влада, има размислување туристите да ги поделат според начинот на кој ќе дојдат во Грција.

За патување во Србија, пак, македонските државјани не мора да прават тест за ковид-19. Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

-За државјаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појавата на ковид-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР-тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР-тест.

-Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ. Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.

-Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР-тест на влезот во земјата, изјави  Брнабиќ.

Туризмот е една од најпогодените стопански гранки поради коронавирусот. Иако европската сезона на годишни одмори се очекува да почне во јули, за да дојде на ниво на кое  беше пред кризата со коронавирусот ќе се случи најдоцна до 2022 година.