Деспотовски им верува на изборните органи во СДСМ

76

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидат за претседател на СДСМ, на Фејсбук објави дека се откажува од правото со свои претставници да ја следи работата на партиските изборни органи во рамките на гласањето и изборот за нов партиски лидер.

„СДСМ значи заедништво, доверба, но првенствено мојата цел со оваа кандидатура е единство. Верувам во интегритетот на нашето огромно семејство социјалдемократи, чесни луѓе кои силно ја вреднуваат демократијата и партијата. Внатрепартиските избори мора и знам дека ќе бидат вистински празник на демократијата, ќе создадат нова политичка култура во целата земја и ќе бидат пример за сите останати политички партии“, објави Деспотовски на неговата официјална Фејсбук страна.