Новиот предводник на каталонскиот гигант Барселона, Роналд Куман, побара од клупските челници веднаш да испратат официјална понуда за холандскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Мемфис Депај. Крилниот напаѓач на „лавовите“ сериозно размислува да ја промени клупската средина затоа што неговиот тим во новата сезона нема да игра во Лигата на шампиони. Неофицијално, Барса е подготвена да одвои околу 30 мил. евра за неговото обештетување.