Дома МАКЕДОНИЈА Денеска почнува самитот на НАТО во Лондон

Денеска почнува самитот на НАТО во Лондон

66

Во Лондон денеска почнува дводневен самит на НАТО со цел  да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина од основањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Лондон синоќа, а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

И делегацијата на Македонија ќе седне на иста маса со лидерите на земјите-членки на Алијансата. Владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев ќе учествува денеска и утре на лондонскиот Самит, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.

Во состав на владината делегација се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Централно место во програмата е Состанокот на Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади утре, на вториот ден од Самитот, на кој ќе учествува и премиерот Заев, со што Северна Македонија ќе биде претставена на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата.