Вајгл наследник на Ракитиќ

104

Ако им се верува на медиумите кои важат за поблиски до каталонскиот гигант Барселона, тогаш актуелниот шампион на Шпанија, за време на зимскиот преоден рок ќе испрати официјална понуда за стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јулијан Вајгл.

Според челниците на Барса, одличниот играч за врска може да биде идеална замена за хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ кој сигурно ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок.