Деле Али како позајмен

126

Германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на искусниот играч за врска од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Деле Али. Менаџерот на популарните „петли“, Антонио Конте, веќе го информираше повремениот репрезентативец на Англија дека не е дел од неговите планови и затоа челниците на Борусија сакаат прво да го позајмат до крајот на актуелната сезона.