Попладне протест во Ченто на жители на Стајковци и Сингелиќ

295

Група граѓани од Стајковци и Сингелиќ попладне ќе протестираат поради неажурност на ЕВН.

Од 15 до 17 часот тие ќе ја блокираат улицата „Методија Андонов Ченто“ кај клучката „Агросервис“ во знак на револт, како што велат „поради пренасочување на нашата електрична енергија од трансформатор 1135 кон Сингелиќ без да се води сметка за нас кои до тој момент немавме никаков проблем со напојување на електрична енергија и за која редовно си ги подмируваме сметките“.

Велат дека веќе две недели имат рестрикции на струјата.

– Моето дете мрзне дома на минусни температури. Знаете ли како е да не можете да пуштите машина за перење и да седите во темница и во ладно. Шпоретите ни ги земаа, на клима се грееме, а нема струја  – вели Анета Јанкуловска.

Организаторите на протестот ги повикуваат граѓаните да дадат им поддршка, другите кои имаат неодложни работи во тој временски период да го забоиколат тој дел на општината.

(С.Бл.)