Две понуди за Рамос

56

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, доби сериозна конкуренција во најдоброто од Франција, екипата на ПСЖ, кога е во прашање потписот на капитенот на шпанскиот гигант Реал (М), Серхио Рамос. Репрезентативецот на Шпанија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и ќе може да потпише за некој друг клуб без никакво обештетување. ПСЖ сигурно ќе му понуди поголема годишна плата, но Јувентус го има Кристијано Роналдо кој е голем пријател со Рамос.