Два пожари изминатово деноноќие во Куманово

50

Два интервенции имале кумановските пожарникари изминатово деноноќие, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сува трева горела накај „Пчињски пат“ во периодот од 14:10 до16:00 часот. Пожарникарите гаселе и запалена сува трева и ѓубре на автопатот автопат Куманово-Скопје. На двата пожари интервенирале по една екипа со по едно противпожарно возило.