Симакан е резервна опција

33

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на словачкиот интернационалец од редовите на Интер, Милан Шкринар, раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, своето внимание ќе го насочат кон централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Мохамед Симакан. За разлика од Шкринар, кој е проценет на 70 мил. евра, услугите на Симакан ќе бидат обезбедени со понуда не помала од 40 мил. евра.