Данска по чудо, Финска по бод

91

Освен во „Ц“, денеска ќе биде комплетирана групната фаза и во групата „Б“. Пласман во 1/8 финалната рунда веќе обезбедија репрезентативците на Белгија кои во последното коло ќе играат против селекцијата на Финска. Дебитантот на ЕП 2020 веќе освои три бода, а следната елиминациска рунда може да стане реалност за „сино-белите“ доколку слават или одиграат нерешено против фаворизираниот противник.

  • Еден Азар, Кевин де Бруин и Аксел Витсел ќе го стартуваат дуелот против Финска. Морам да видам во каква состојба се, дали се 100% подготвени и колку можат да играат. Ова е одлична шанса за нив, да се вратат во потребниот ритам и да бидат максимално подготвени за следниот предизвик на ЕП, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Три бода има освоено и репрезентацијата на Русија која во последното коло за противник ја има селекцијата на Данска која е без бодови. И на Русија и одговара опцијата троумф и реми, додека Данска ќе остане во игра за пласман како една од најдобрите четири третопласирани репрезентации само доколку забележи убедлив триумф над „зборнаја“.

  • Убеден сум дека ќе ја поминеме групната фаза. Точно дека загубивме од Финска и Белгија, но јас сум убеден дека ќе играме во 1/8 финалето. Овој тим на Данска нема лимит и затоа верувам дека ќе ја победиме Русија во последното коло. Се што ни треба е малку среќа. Немавме среќа против Финска и Белгија, а одигравме одлично во поголемиот дел од натпреварот. Време е и ние да имаме малку среќа пред противничкиот гол, изјави напаѓачот на Данска, Мартин Брајтвајт.