Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти

76

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека многу скоро ќе се намали данокот на добивка за ИКТ компании за одредени дејности на три проценти. Тој се надева дека голем број домашни и странски компании ќе ги зголемат своите капацитети, ќе отворат нови работни места со многу подостоинствени плати, како што тоа го нудат ИТ-компаниите.

Според Манчевски Владата ги поддржува домашните и странските компании во активностите за развој на бизнисот и ги мотивира да инвестираат уште повеќе во капацитети.