Најслабиот пласман на македонската ракометна рперезентација на едно Светско првенство ја зеде првата жртва. „Летна главата“ на селекторот Данило Брестовац, кој го раскина договорот со Ракометната Федерација на Македонија.

-Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека спогодбено се договори да го раскине договорот со селекторот Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 година. Брестовац ја извршуваше оваа функција во пери од јуни 2019 – јануари 2021 година, се вели во соопштението од македонската куќа на ракометот.

Македонија на Светското првенство во Египет заврши на 23. место од вкупно 32 репрезентации. „Црвено – жолтите“ во главната фаза влегоа благодарение на победата над Чиле во групната фаза, но претрпе и пет убедливи порази од селекциите на Египет, Шведска, Словенија, Русија и Белорусија.

Зад нас во втората фаза остана само дебитантот Уругвај, кој во втора фаза обезбеди пласман без ниту една победа, откако селекцијата на Зеленорските острови предвреме се повлече од првенство, поточно беше досквалификувана поради позитивни случаи на коронавирусот.