Зафир Хаџиманов жртва на хакери – “Македонската влада му ја доделува Наградата за животно дело“

254

“Немој да се нервираш, ти си секако гениј, редок феномен, главата горе и не обрнувај внимание на разноразни човечки отпадоци”, беа првичните реакции на неговите пријатели и фанови

Не е лесно да си популарна личност, а особено ако си покрај популарноста и врвен уметник, па сакал-нејќел мораш да се соочиш со секакви случки, и добри и лоши. Една таква лоша случка деновиве му се случи на нашиот уметник (пејач, композитор, поет, писател, актер) 77-годишниот Зафир Хаџиманов.

Тој, наводно, добил мејл адресиран од Владата на Република Северна Македонија во кој меѓу останатото пишува “дека на Зафир Хаџиманов му се доделува награда за животно дело за неговиот голем придонес во областа на популарната култура и уметност“.

И самиот шокиран од пристигнатиот мејл, Зафир, поучен од своето огромно животно искуство, се посомневал во “испраќачот“, па истиот го проверил на неколку места директно овде во Скопје (за оние што уште не знаат Хаџиманов живее во Белград), за да се увери во веродостојноста на “наградата за животно дело“.

И бил во право дека се работи или за голема глупава зафрканција или нечие намерно подметнување со нејасна цел. –Јас се извинувам поради оваа хакерска невкусна шега, само ме осрамотиле, беше првичната изненадувачка реакција на Зафир. Реакциите, пак, на неговите стотина пријатели и обожаватели кои стасаа веднаш по објавата, можат да се сведат во еден единствен коментар:

-Немој да се нервираш, ти си секако гениј, редок феномен на човек кој со својата чесност, добрина, професионалност и талент твори на овие наши балкански простори, главата горе и не обрнувај внимание на разноразни човечки отпадоци!  Eте токму така, одлично кажано!    Д.М.