Фотографијата како медиум е уметничка форма од нашето доба. Во исто време, таа е и најдемократскиот и најпримечивиот начин на создавање уметност што некогаш бил создаден.

Во минатото, старите мајстори на сликарството го користеле платното или ѕидовите за да ја претстават драмата на животот и смртта. Денеска фотографијата е таа која директно и најбрзо ја доловува човечката состојба, а веројатно тоа го прави подобро и побрзо од кој било друг медиум од ова доба. 

Само погледнете ги порталите на реномираните листови каде нивните фотогалерии ги доловува овие моменти, состојби и судбини. Уште од самите почетоци на пронајдокот на фотоапаратот луѓето дебатираат дали фотографиите се уметност и каква е нивната вредност бидејќи според некои дефиниции се работи за „механички медиум за снимање“ и тоа е останато како аргумент во секоја дебата.

Но фотографијата, како и сите други уметности лесно бегаат од дефиниции и наоѓаат своја примена. Со поставувањето на фотоапарати на мобилните телефони денес е уште потешко да се изнајде дефиниција за што е уметност, а што не, бидејќи критериумите и стандардите постојано се бришат и поместуваат.

Еден од луѓето кои се занимаваат со филозофија на фотографијата и нејзината практична примена е хрватскиот фотограф Дамир Хојка.

Тој е професионален уметник уште од 1985 г. и Хојка денес се смета за татко на уметничката фотографија во Хрватска. Меѓутоа својот талент за оваа уметност го насочил кон повеќе правци, односно за различни потреби. Неговите препознатливи фотографии можат да се видат и во адвертајзингот и модата, како и во високата уметност.

Автор е на повеќе изложби, 3 книги за фотографијата, автор е на многу мултимедијални изложби. Своето искуство тој го има насочено кон едукација и пренесување на неговите искуства и сфаќања за фотографијата и нејзина примена. За таа цел, пред 13 години го започнал својот семинар Фотософија (Фотографија и филозофија) кој е наменет за потребите на различни профили на фотографи, од аматери па до професионалци.

Во период од една недела различни луѓе слушаат предавања од истакнати професионалци и работат на практични знаења преку тематски снимања.

Профилот на предавачи е широк и покрај фотографи тука учествуваат и стилисти, модели, итн.  Исто така и профилот на тие кои го посетуваат овој семинар е широк и одбран и тука доаѓаат од целиот регион. Сите се стекнуваат со знаења и искуства кои се неопходни за напредување во својата професија или како да снимат добар портрет, модна реклама или уметничка фотографија. Оваа година ја имав таа можност да присуствувам на предавањето на Серж Леблон, белгиски моден и селебрити фотограф во Загреб кој го отвори семинарот. Ја искористив можноста прво да направам интервју со Хојка за да ги претстави концептите и идеите зад овој негов познат семинар.

Како дојдовте да го оформите овој курс за фотографија „Фотософија“. Како се случи тој процес од идеја до реализација?

Корените на проектот Фотософија потекнуваат уште од времето кога бев средношколец и се прашував односно бев опседнат со прашањето „Што е тоа уметност во фотографијата?“ Дали тоа што го правам има некаква врска со уметноста? Како ќе знам дали некоја од фотографиите кои ги имам сликано е уметничка фотографија?  Тоа беа прашања кои мене искрено ме измачуваа, така да се изразам. Баш ме оптоварува. Се сеќавам како 17-годишен одев наоколу по Загреб од книжара до книжара и барав дали имаат книги со уметнички фотографии, односно да бидат со педигре уметнички, се со цел за да сфатам што е тоа всушност уметност. Во тоа време луѓето не ме разбираа за што зборувам и ми велеа дека немаат такви книги. Всушност, мојата потрага по одговорот на прашањето ме однесе да одам да студирам во Виена. Таму ми се случи ситуација каде што професорот го препознава студентот, а студентот професорот и поради тоа имав прекрасна менторка која се вика Ева Шон Фукс и во комуникацијата со неа успеав за себе да ги искристализирам речиси сите прашања кои ме измачуваа и да најдам некои свои одговори.

После тоа, едноставно, мислев дека можеби тоа што го открив, тие одговори дека можеби не е лоша идејата тие да ги споделам со луѓето кои исто така кога влегуваат во светот на фотографијата можеби ги мачат сите овие идеи а можеби нема да ја имаат среќата да наидат на некаква таква средина и на таква  професорка која ќе може да им помогне да ги најдат своите одговори. Тука ставам акцент на „свои одговори“ бидејќи во уметноста нема конечни дефиниции.

Тоа е можеби како еден вид компас за снаоѓање во уметноста, а можеби и платформа за нивна надградба. Тој систем кој го развив за себе е мешавина од фотографија и филозофија и кој јас го објавив во форма на еден есеј под името „Фотософија“.

Има некои работи кои луѓето сами за себе си ги објаснуваат, а можеби можат да осетат дека тоа би можело да функционира на некое пошироко ниво за да може да помогне на поголем број луѓе. Тоа е можеби како еден вид компас за снаоѓање во уметноста, а можеби и платформа за нивна надградба. Тој систем кој го развив за себе е мешавина од фотографија и филозофија и кој јас го објавив во форма на еден есеј под името „Фотософија“. Внатре во тој систем за некого има доволно материјал за да тој си ги објасни повеќето појави во уметноста и да се снајде без разлика дали е тој набљудувач кој ја набљудува уметноста или доаѓа на уметничка изложба. Тука тој размислува на кој начин да ги искористи тие дела кои се на ѕидот или тој е креатор кој фотографира и кој во крајна линија размислува за тоа на кој начин да создаде нешто што ќе комуницира преку т.н. „дистрибуциските канали на уметноста“, а тоа се оние канали  каде сте вие „сами свои газди“. Тука нема некаков конкретен порачател туку вие ја работите својата идеја.

Кога го објавив тој есеј беше тоа во 1996 г. Есејот се распродаде за две недели и тука почна некоја поинтензивна приказна за Фотософија бидејќи тука дојде до моментот кога луѓето те препознаваат тебе како некој нешто им препорачал нешто што ним им се допаѓа, нешто што им помогнало и тие сега почнуваат вас да ве прашуваат за некакви насоки, помош за нивното бавење со фотографија. Тоа е период за време на кој во Хрватска и во регионот почнува една посилна интернетизација т.е. почнуваат да се појавуваат веб-страници, е-пошти и на тој начин луѓето почнаа полесно да доаѓаат до мене и да ми поставуваат прашања. И тука почнав со некаква намера да им помогнам на луѓето да се снајдат со медиумот на фотографијата бидејќи јас и ден-денес гледам на фотографијата не како извор на заработка туку како на медиум за комуникација. Така и всушност се однесувам кон него и затоа и се случи таа „Фотософија“ која се обидува на некаков начин да го подигне нивото на квалитетот на фото- изразувањето кај оние 15 луѓе кои преку натпревар ќе ги одберам од целиот регион. Битно ни е да сте полнолетни и да можете да го разберете хрватскиот јазик.

Така дојде до моментот кога толку луѓе сакаа всушност да чујат нешто од мене поради што беше логично да се осмисли некаков вид на семинар. Но бидејќи не сум човек кој сака да теоретизира без пракса и некако сум насочен во сето мое дејствување да се ориентирам кон практичен учинок, многу прагматично гледав на работите. Кога се јави можноста, односно кога во Хрватска ме прашаа да одржам предавања, тие прво мислеа дека тоа најпрвин би го направил тоа само за туристи, но кога дојдов со свој предлог увидовме дека можеби има многу поголем потенцијал од тоа што тие го сакаа така што не направиме семинар за туристи, односно тридневен семинар како што се надеваа дека ќе добијат, туку им дојдов со концепт за седмодневен семинар кој не е наменет за туристи туку е за одбрани луѓе и кои ќе ги избираме на начин каде тие нема да мораат да плаќаат туку да биде бесплатно за да можат да се посветат на луѓе кои со своето знаење и труд го заслужиле тоа и да им подготвам еден низ некакви практични теми кои сите ќе бидат објавени.

Значи се што се работи на семинарот Фотософија е реално т.е. се фотографира за реални клиенти, ги објавуваат реални медиуми. Ниту една фотографија која се снима на Фотософија  не е само некаква вежба или семинарска тема која ќе заврши во некаков фолдер кој никој нема да ја види туку сè е насочено да биде објавено надвор.

Кој е профилот на луѓе кои го посетуваат овој семинар? Исто така, какви насоки добиваат за време на овој семинар?

Како што спомнав претходно, кај нас нема некои ограничувања освен да сте полнолетни и да го разбирате хрватскиот јазик и да комуницирате. Вие можете да бидете од  еден напреден аматер па до професионалец. И професионалецот е главно насочен. Повеќето од нив се главно насочени во една фотографска насока.   Има многу од нив кои работат свадбарски фотографии или имаат интернет страница па работат event фотографии и нормално сакаат да вкусат малку како е да се работи во светот на модата, да се работат селебрити портрети. Сите се тие наши потенцијални посетители на семинарот. Ние навистина имаме на секој семинар  луѓе кои се бават со ова на целосно аматерска основа, но го прават тоа на квалитетен начин, па до оние кои веќе имаат свои добро разгазени професионални фотографски патишта и кои едноставно дошле да видат некакви аспекти од фотографијата, некакви жанрови во кои до сега не работеле, но кои им се атрактивни.

За време на овие изминати 13 години оние кои посветиле малку внимание виделе дека кај Фотософија вие можете за најкраток период да добиете најмногу можни информации и најголемо можно искуство. Значи вие за 6 или 7 дена, ако сте вредни, предадени и отворени, многу брзо можете да сфатите која е вашата насока во фотографијата и дали воопшто сте талентирани за тоа. Ако досега сте фотографирале мртва природа, па не знаете како ќе се снајдете во работа со луѓе, вие тука имате можност да пробате и од семинарот ќе излезете „надградени“. Знам и да се пошегувам и за овогодишниот семинар зборував со еден сценарист каде некои од темите ги работевме на начин каде онлајн би ги туторирал. Би дошле во Загреб и за време на тие 6 дена би морале се да направат.  Се случи неколку пати да му ги вратам фотографиите и тој беше очаен бе знаејќи каде требаше да оди. Јас го водев  и му реков „Види, кога ќе го завршиш овој семинар ќе видиш и самиот. Ќе ги погледнеш твоите фотографии пред семинарот и после. Фотографиите после семинарот ќе ти изгледаат како тие од пред но на стероиди (се смее).

Нашиов регион се наоѓа подалеку од тие центри кои ги диктираат и стандардите и трендовите без разлика на индустријата каде тие фотографии ќе бидат наменети. Кои се критериумите за добра фотографија без разлика на сето тоа?

Што се однесува до тоа што значи добра фотографија тука не може да се даде еднонасочен одговор. Добра фотографија значи дека одговара на тоа со која намера е правено нешто. Некогаш документарната фотографија е добра за документ но не е добра ако ја изложите како уметничка фотографија во една галерија и обратно. Општо земено, според мене, има три големи фотографски категории кои јас ги нарекувам функционални категории бидејќи тие се одредени според начинот на кој општеството ги перципира, а не според она што уметникот сакал да го постигне.  Понекогаш можете да снимате документарни фотографии мислејќи дека снимаш документарно но тоа ќе испадне толку добро поради што луѓето перципираат дека има некаква надградба. Ќе увидат дека не е тоа само документ кој сте го направиле туку таа ним им зборува многу повеќе од едноставното пресликување на реалноста. Со тоа може да се каже дека твојата фотографија е уметничка, а не документарна. Всушност, во овој случај публиката одлучува што си всушност ти си направил без разлика на тоа што ти си сакал да постигнеш. Добра фотографија е таа што ја исполнува својата намена, така јас би  се изразил.

Пазарот е преплавен со фотографии од „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Колку таа сеприсутност влијае врз Вашата работа?

Јас сум еден од ретките фотографи кој го поздравил прво доаѓањето на дигиталната технологија т.е. замената на аналогната со дигитална и второ, спојување на дигиталната технологија со мобилната телефонија. За нас кои живееме од фотографија тоа не е добро. Речиси сите мислат дека можат да направат добра фотографија и дека секој кој има изложба е уметник бидејќи имаат голем аудиториум. Се разбира дека не е така, што и се виде прикажано низ овој период за време на кој се случуваат овие работи. Но јас ги перципирам овие две случување како втора голема демократизација на фотографијата. Како што спомнав претходно, јас фотографијата ја перципирам како медиј за комуникација и како таков мене ми е подраго сите да можат да се бават со фотографија и да имаме еден нов јазик со кој зборуваме, кој е универзален и кој го разбираат сите кои можат да ја видат фотографијата  отколку јас сега да се збогатам со фотографијата бидејќи знам да го развијам негативот и да направам фотографија која е видлива за разлика од некој друг кој нема поим за фотографскиот процес. Мислам дека треба да се гледа од перспектива на цивилизација, од перспектива на иднината и да се види дека е тој напредок е добар за човештвото иако можеби не е добар за професионалците кои до вчера биле истакнати и заработувале многу пари на сметка на тоа дека имале една вештина која другите не ја имале.

Кои се некои од омилените фотографи на чија работа сте се угледувале и сте го граделе својот стил?

Нормално е дека човек кој се занимава со фотографија е да гледа во фотографија, но јас никогаш не сум се загледувал во само еден човек. Отсекогаш сум сакал да гледам во различни фотографи, како познати така и непознати. Едноставно допуштив да се сварат сите тие работи што сум ги видел и некако да почнам да генерирам свои работи. Јас во светот на фотографијата влегов преку цртежите значи цртав. Кога веќе црташ вие веќе имате изградено некаков свој стил иако не е фотографски. Но тоа што сум го понел со себе од цртањето е минимализмот во фотографијата. Во овој случај, под минимализам не мора да значи дека се работи за „виљушка и нож“ и една сенка преку нив туку минимализам во смисла дека од фотографијата исфрлам се што не би го нацртал. Јас сум чкрт кај кадарот и немам големи кропови. Гледам се да снимам на самиот сет. Значи на сетот исфрлам од кадар се што не ми треба, а ако го градам од нула тогаш ставам тоа што ми треба. На тој начин сум го изградил своето видување за фотографијата и од самиот почеток имав некаква своја линија.

Отсекогаш сум сакал да гледам во различни фотографи, како познати така и непознати. Едноставно допуштив да се сварат сите тие работи што сум ги видел и некако да почнам да генерирам свои работи. Јас во светот на фотографијата влегов преку цртежите значи цртав. Кога веќе црташ вие веќе имате изградено некаков свој стил иако не е фотографски

Потоа додавате работи кои можеби ја менуваат вашата перспектива кои ви носат нови влијанија. На некаков начин вие гледате како да се збогатите како од најмалите аматери, па до најголемите професионалци. Кај секој од нив можеш да видиш нешто што те инспирира и те поместува. Значи вашата идеја е насочена во една друга насока и вие создавате нешто ново. Тоа што мене ми е врвна цел и на што најмногу се радувам е дека сум создал нешто што воопшто не сум го видел на друго место, односно нешто што не постоело претходно. Тоа е тоа што ме радува и ме носи во фотографијата. Се ова друго е во ред и човек сака да живее пристојно да живее но тоа не е она што вас ве носи. Тоа што ве носи е кога нешто ќе создадете тоа да го пласирате и споделите со публиката, таа публика да реагира, да ти кажат еј ја видов твојата изложба и тоа ми беше супер. Како успеа да го постигнеш ова или она, она ми се допаѓа, а ова ме погоди. Кога ја видов твојата фотографија ме поттикна да одам дома и да го направам тоа и тоа. Тоа се работите кои ве носат понатаму.

Разговараше: Ненад Георгиевски