Кадетската кошаркарска репрезентација без пораз на турнир во Бугарија

109

Кадетската кошаркарска репрезентација на Република Северна Македонија се враќа непоразена од турнирот „Христо Донков“, што изминатите четири дена се одржа во Габрово, Бугарија.

Денис Дервишевиќ ги предводеше своите избраници до четири нови победи на салдото кои ќе им бидат дополнителна мотивација за уште понапорна работа во периодот што следи. Нашата репрезентација ги порази репрезентациите на Романија со резултат 85-69 и на Украина со 90-88, како и клубовите ИБЦ со резултат 68-50 и НАБА со 89-76.

Кошаркарите од репрезентацијата до 16 години по враќањето од Бугарија ќе продолжат со тренирање во Скопје, а потоа ќе ги нагостат соодветните национални селекции на Израел, Чешка и на Полска на пријателски турнир во Скопје.

Ден по турнирот Дервишевиќ со своите кошаркари ќе замине за Маврово на финално темпирање на формата пред заминување за Италија на континенталниот собир во оваа возрасна категорија.