Дали ќе се обезбеди кворум за гласање на Законот за попис?

49

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска го закажа продолжението на 29. седница на чиј дневен ред е и законот за попис – по скратена постапка и со европско знаменце.

Расправата за Предлог- законот во Собранието, со кој треба да се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари. Тогаш беше најавено дека за законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое е закажано за денес напладне.

Собранието во понеделникот не можеше да се обезбеди кворум за да почне новата 30.седница, поради отсуство на двајца пратеници поради ковид-19.