Дали се решија гужвите во автобусите на градскиот превоз со нивно тргнување од 5 часот?

1694

Скопјани кои го користат јавниот градски превоз се револтирани што има гужви во автобусите и на тој начин не можат да држат растојание од 1 метар меѓу себе. Тие на социјалните мрежи реагираат дека тоа се должи на редуцираниот број на возила, но и на новата одлука на Владата за забрана за движење на населението од 21 до 5 часот, според која, автобусите од денеска почнаа да сообраќаат од 5 часот наместо од 6 како беше во првиот ден од полицискиот час.

– Пуштете дециден распоред на вашата страница да нема забуна кај луѓето. Почнувате во 5 часот, во ред, но ставете возен ред да се види кои линии се појачани. Наутро е лудоло од луѓе. Како да држат растојание од 1 метро, кога истите од гужва не можат да влезат во автобусите. Организирајте се малку – напиша на Фејсбук, Бети Анчевска.

Во однос на зголемените гужви во автобусите на ЈСП и дали ќе сугерираат нови мерки, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека веќе разговарале со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и дека во текот на денот проблемот ќе биде решен.

– Причина за ова е поместувањето на целиот возен ред со оглед на полицискиот час. Веќе се направени пресметки колку автобуси треба да бидат пуштени во соодветен период. Верувам дека веќе од денеска овој проблем ќе биде решен – појасни Филипче.

Градоначалникот Шилегов се огласи преку Фејсбук и истакна дека од денеска автобускиот превоз ќе се одвива од 5 часот наутро за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација.

– Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните. Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома – напиша Шилегов.

Од ЈСП синоќа информираа дека како и во изминатите денови од прогласувањето на вонредната состојба, автобусите од градскиот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред.

– Одлуката ќе важи се до наредните препораки, согласно со препораките и преземените мерки на Владата за превенција од ширење на коронавирусот –соопштија од ЈСП.

Согласно тоа, од ЈСП информираа дека на линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови ќе сообраќаат зголемен број на возила, со цел да се избегнат гужвите кои беа регистрирани вчера утро во фрекфентните часови.

ПОСЛЕДНИ ПОАЃАЊА ЗА ПЕРИОД ОД 23.03 (вторник)-27.03 (петок)

ЛИНИИ НА ЈСП СКОПЈЕ

 Линија 2              20 ч од Автокоманда    20 ч од Сарај

Линија 3              19.45 ч од Панорама     19.45 ч од Сп.сала Јане Сандански

Линија 4              19 ч од Хром                     18.20 ч од 11.Октомври

Линија 5              19.03 ч од Н.Лисиче       19.03 ч од Дексион

Линија 7              20.08 ч од Г.Лисиче        19.54 ч од Карпош 3

Линија 15            19.22 ч од Н.Лисиче       19.22 ч од Карпош 4

Линија 16            19.31 ч од Пржино          19.06 ч од Железара

Линија 21            20.05 ч од Тр.центар     19.10 ч од Бардовци

Линија 22            19.59 ч од Тр.центар     19.50 ч од Лепенец

Линија 24            20 ч од Припор                                20 ч од Тафталиџе 2

Линија 27            20.04 од Дом на печат  19.32 ч од Вардарска

Линија 41            19.57 од Тр.центар         9.57 ч од Драчево Типо

Линија 50            20 ч од Хиподром           20 ч од Кл.центар

Линија 57            20.12 ч од Радишани     20.02 ч од Козле

Линија 59            19.05 ч од К.бара             18.15 ч од Карпош

Линија 65В         20.08 ч од Тр.центар     20.08 ч од Стајковци, Бр.пат

Линија 18            19.15 ч од Тр.центар     19.50 ч од Визбегово

Линија 31            19.30 ч од Тр.центар     18.45 ч од Д.Лисиче

Линија 47            18.50 од Тр.центар         19.35 ч од Љубанци

Линија 51            18.20 ч од Тр.центар     19.10 ч од Студеничани

Линија 52            18.25 ч од Тр.центар     19.15 ч од Ржаничино

Линија 53            17.30 ч од Тр.центар     18.45 ч од Кат.бања

Линија 56            18.15 ч од Тр.центар     19.15 ч од Бојане

Линија 58а         19.10 ч од Тр.центар     18.10 ч од Св.Петка

Линија 58б         18.25 ч од Тр.центар     19.20 ч од Брзовец

Линија 60            18.45 ч од Тр.центар     19.30 ч од Матка

Линија 61            18.10 ч од Тр.центар     19 ч од Побожје

Линија 62            18.35 ч од Тр.центар     19.20 ч од Огњанци

Линија 63            18.20 ч од Тр.центар     19.10 ч од Мралино

Линија 65            18.30 ч од Тр.центар     19.30 ч од Раштак

Линија 66            18 ч од Тр.центар           19.05 ч од Бучинци

Линија 67            19.30 ч од Тр.центар     19.35 ч од Зелениково

Линија 68            17.20 ч од Тр.центар     18.40 ч од Сушица

Линија 70            20.05 ч од Тр.центар     19.25 ч од Батинци

Линија 71            19.30 ч од Тр.центар     18.40 ч од Бањани

Линија 74            20 ч од Тр.центар           19 ч од Количани

Линија 81            18 ч од Тр.центар           19 ч од Горњани

Линија 160         19.35 ч од Дексион        20.15 ч од Г.Матка

Линија 164         20 ч од Волково               20.15 ч од Никиштани

 

ЛИНИИ НА ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ

Линија 9              19.50 ч од Кл.центар    19.10 ч од С.Север

Линија 11            19.20 ч од Тр.центар     19.20 ч од Рашче

Линија 11а         19 ч од Тр.центар           19 ч Свиларе

Линија 12            19.10 ч од Шишево        19.55 ч од Ск.саем

Линија 19            20 ч од Карпош 4             19.40 ч од Ш.Оризари

Линија 20            19.49 ч од Тр.центар     19.19 ч од Ш.Оризари

Линија 22            19.23 ч од Тр.центар     19.32 ч од Лепенец

Линија 23            19.30 ч од Ченто              19.48 ч од Дом на печат

Линија 45            19.57 ч од Тр.центар     19.57 ч од Ченто

Линија 52            19.15 ч од Тр.центар     18.15 ч од Ржаничино

Линија 55            19.25 ч од Арачиново   18.45 ч од Тр.центар

Линија 61            19.10 ч од Тр.центар     18.10 ч од Побожје

Линија 63            19.10 ч од Тр.центар     18.20 ч од Мралино

(С.Бл.)