Сите се гушкаа и бакнуваа

455

Првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Аталанта и Валенсија, кој се одигра во Милано, е клучниот момент за забрзаното ширење на коронавирусот во Италија, тврди угледниот имунолог, Франческо ле Фоче.

Дуелот беше одигран на 19. февруари на „Сан Сиро“ во Милано затоа што стадионот во Бергамо не ги исполнува строгите критериуми на УЕФА. Сепак, иако напреварот беше одигран во Милано, истиот го следеа повеќе од 40.000 фанови, односно секој трет жител на Бергамо.

  • Големите настани кои се случија во тој период го забрзаа ширењето на вирусот, а еден од нив сигурно беше и натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија. Аталанта победи со убедливи 4:1, а тоа беше врвот на колективната еуфорија затоа што илјадници луѓе беа одалечени само неколку сантиментри. Тие се гушкаа и се бакнуваа после секој постигнат погодок, а убеден сум дека помеѓу нив имаше многу луѓе кои веќе беа заразени, но не сакаа да го пропуштат натпреварот во Милано, изјави италијанскиот имунолог.

Во Италија од почетокот на ширењето на смртоносниот вирус Ковид-19 починаа 4825 лица, а Бергамо е еден од најпогодените градови.