Дали обвинителите од СЈО ќе ги враќаат парите?

Бурните реакции во јавноста следуваат откако првично беше објавен додатокот од 157 илјади евра кои ги зела поранешната шефица, Катица Јанева, а потоа викендов во медиумите се појавија и сумите на додатоците и за другите обвинители. По објавувањето на информациите за исплатените додатоци, од обвинителството изјавија дека ќе ги испитаат сите околности во врска со доделувањето на бонусите

77

Државното правобранителство ќе ја чека одлуката на Обвинителството за високите надоместоци кои поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, самата си ги доделувала за доверливост.

Државниот јавен обвинител е тој кој може да ја побара и да ја соопшти информацијата за тоа како се делеле бонусите во СЈО, изјави премиерот Зоран Заев и потенцираше дека не дава да се фрли црна дамка врз обвинителите кои работеа во СЈО.

Тој појасни дека според неговите информации од следењето на реализација на буџетот и неговиот ребаланс, не се трошат секоја година предвидените 228 милиони денари средства кои се со закон определени за СЈО.

-Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали кои носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители, вели премиерот.

Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која ја земале специјалните јавни обвинители, вели премиерот Заев.

Бурните реакции во јавноста следуваат откако првично беше објавен додатокот од 157 илјади евра кои ги зела поранешната шефица, Катица Јанева, а потоа викендов во медиумите се појавија и сумите на додатоците и за другите обвинители. По објавувањето на информациите за исплатените додатоци, од обвинителството изјавија дека ќе ги испитаат сите околности во врска со доделувањето на бонусите.

– Обвинителството ќе ги испита сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело ќе се постапи согласно Законот – велат оттаму и потсетуваат дека сѐ додека не беше објавена алатката „Отворени финансии“ висината на надоместоците и начинот на кој се пресметувале и тие и платите биле недостапни за јавноста.

Во истовреме, и Антикорупциска ќе ги стави под лупа дополнителните приходи на обвинителите од СЈО. Од таму велат дека ги следат информациите со исплатата на бонусите кои ги добивале обвинителите, но велат дека засега нема да се оформи предмет.

„Членовите на Антикорупциската комисија првин на колегиум ќе го анализираат случајот. Со оглед дека и други институции најавија истрага за сумите кои СЈО ги исплаќало на обвинителите, ќе почекаме да ги видиме резултатите од тие истраги па дури потоа ќе одлучиме дали комисијата ќе отвори предмет. И во тој случај, ние ќе бараме информации од институциите кои се надлежни за финансиското работење, како што се Управата за финансова полиција и Државниот завод за ревизија“, велат од Антикорупциска.

Шефицата на поранешното СЈО секој месец земала по приближно 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење. Јанева добивала и 400 евра за кирија, но и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под ставката „други трансфери“. Така заработила 157.000 евра.