Белоруската тенисерка Викторија Азаренка доби дозвола да се натпреварува на годинашниот Вимблдон откако претходното лето не можеше да го стори тоа поради војната во Украина. Поранешната полуфиналистка на Вимблдон, по сериозна борба во три сета (6:4, 5:7, 6:4), ја победи Јуан од Кина, а потоа се соочи со новинарите. кои како и со Арина Сабаленко сакаа да го „испитаат теренот“ во однос на политичката ситуација.

Откако објасни дека не се плаши од пречекот на навивачите и дека е задоволна од тоа како ја бодреле за време на натпреварот, доби прашање што ја изненади. Поточно, новинарот што го постави прашањето се обвини себеси за своето непознавање на географијата и на биографијата на Вика, бидејќи претпоставуваше дека е Русинка.

– Што значи Вимблдон за Русија? Дали е тоа голема работа во вашата земја? Мислам, од агол на тоа дали е важен дел од спортската култура таму?

– Знаеш дека не сум од Русија, нели?

– Да, мислам само општо, дали сте свесни за неговата важност?

– Ќе треба да бидете малку подиректен, не го разбирам прашањето.

– Мислам, како се гледа на културата на Вимблдон на глобално ниво, дали гледате дека тоа е голем турнир во Русија? Вие игравте таму, дали Вимблдон е важен и во Русија?

– Чекај, да се разбереме… Ме прашуваш дали чувствувам дека Вимблдон е голем меѓународен турнир? Или што значи тоа за мене?

– Размислував за тоа на меѓународно ниво, односно за неговото влијание во Русија. Ова е првпат руски спортисти да се тука по забраната.

– Во ред, ќе одговорам на прашањето за меѓународните ставови за Вимблдон, иако не сум експерт за оваа тема за да ви дадам добар одговор.

– Извинете, поставив погрешно прашање.

– Да, но јас ќе одговорам. Мислам дека на глобално ниво Вимблдон е најголемиот тениски настан, отсекогаш бил и е наш најстар турнир. Тоа е легендарно место. Не знам како е во Русија , не сум од Русија и не можам да одговорам како е во Русија.

Руските и белоруските тенисери и сите други учесници на годинашниот Вимблдон не смеат да ги истакнуваат симболите на Русија или на кој било начин да ја поддржуваат војната во Украина. Сите натпреварувачи од овие земји ќе бидат без знаменце од својата земја откако минатата година не можеа да учествуваат.