Гутереш: Русија мора веднаш да ја прекине војната!

25

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во својата најнова изјава констатира дека досега повеќе од три милиона лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт.

„Повеќе од три милиона Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина. На Украинците очајно им треба мир. И луѓето ширум светот го бараат тоа. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна“, напиша Гутереш на Твитер.

Најмногу Украинци, или над 1,8 милиона се заминати за Полска, а останатиот дел во соседните Словачка, Романија и Унгарија, како и во земјите од Западна Европа.