Чема Родригез нов селектор на Унгарија

24

По големото разочарување на Европското првенство на свој терен, кога унгарската ракометна репрезентација испадна уште по групната фаза, федерацијата одлучи да го смени селекторот. Нов предводник на унгарскиот национален тим е Чема Родригез.

Младиот шпански стручњак му беше асистент на претходниот селектор Иштван Гуљаш, а сега ќе стане трет тренер од оваа земја кој ќе ја извршува функцијата селектор на машката репрезентација на Унгари, по Талант Душебаев и Чави Сабате.

Хозе Марија „Чема“ Росригез, потпиша договор со федерацијата до 2024 година, односно до завршувањето на Олимписките игри во Париз. Негова најголема цел ќе  биде да ја однесе репрезентацијата на Олимписките игри во францусуската престолнина, првпат по Лондон во 2012 година. Сепак првиот предизвик ќе му биде баражот за СП, наредната година во кој Унгарците ќе ги одмерат силите со подобрито од двимечот меѓу Литванија – Израел.