Грчевите во нозете се опасен симптом

1176

Повременото силно стегање или грчеви во мускулот од листот на потколеницата кое може да се прошири и во бутот, може да е предизвикано од недостиг на минерали во телото, најчесто поради преголемо потење, но често укажува и на критично стеснување или потполно запушување на артериите во ногата.

Местото на грч односно болка, укажува на тоа дека проблемот сигурно е во артериите на бутот, а можно е да постојат и стеснувања на артериите во препоните или карлицата, односно стомакот, тврдат стручните лица.

Во тој случај неопходен е преглед, кој поразбира следење на пулсот во нозете и утврдување на присуство или отсуство во промена на кожата на стапалото. Потоа следува одредување на колор-доплер индекс, со кој се утврдува односот на крвен притисок во нозете и крвен притисок во рацете, со што лекарот може да утврди во колкава мерка организмот успеал да обезбеди снабдување на нозете со крв низ малите крвни садови.

После прегледот лекарот решава дали треба да се прави ангиографија или снимање на крвните садови со контраст и да се превземат методи на реваскуларизација, како што е вградување на стент или бајпас.

Ако се утврди дека нема критично стеснување на крвните садови, се препорачува лекување со лекови. Многу важно е секојдневното движење, без разлика дали имате болки или не, бидејќи така се зголемува протокот на крв.

Пушачите треба да се откажат од лошата навика, која ја влошува артериосклерозата и неминовно води до компликации, од кои најлошата е гангрена.