Како полека, но сигурно, го губиме Антарктикот?

148

Замрзнатите планини и бреговите на Антарктикот имаат доволно вода, што при негово топење да овозможат нивото на светското море да се искачи за 60 метри.

Над три четвртини од континентот е опкружено со „ледени школки“, кои, како ѕид, ја штитат внатрешноста на континентот. Но, научниците открија неколку слабости кои можат да му наштетат на континентот.

Научниците открија дека на источната страна на континентот во летниот период се формира поголемо езеро и тоа побрзо од претходно, а на западната страна се формираат речни текови од топла вода која го топи мразот на Антарктикот, објави Science Advances.

Како што растат температурите на планетата, процесите на топење на ледената покривка забрзуваат. Поголемиот дел од годината, мразот на Јужниот пол е цврст, но за време на жешките летни месеци, на површината се формираат кристално чисти езера, кои не се добри за континентот, бидејќи водата содржана во нив се пробива низ ледената покривка на Антарктикот.

Истата работа, велат научниците, се случува и на Гренланд.

Исто така, истражувањата покажуваат дека само на источната страна на континентот има повеќе од 65.000 езера кои го поттикнуваат топењето.