Грција со важни препораки до туристите  поради пеколните горештини!

Деновиве заседавала Грчката национална организација за јавно здравје која донела важни превентивни мерки за заштита од  високите температури. Акцентот бил ставен на упатствата што треба да ги следат ранливите групи граѓани, како што се старите лица, бебињата и децата, бремените жени, хронично болните, спортистите и слично, но и оние кои се најмногу изложени на топлото време – туристите. Исто така било споменато дека посебно внимание треба да се посвети на бегалците и мигрантите и луѓето што живеат во сиромаштија и на старите лица кои живеат сами.

133

Македонските граѓани, кои годишниот одмор го користат во Грција, треба да бидат внимателни и да не се сончаат  кога сонцето пржи за да не добијат изгоретини. На оваа тема веќе во Грција е вклучен алармот, каде што заради високите температури им се препорачува на туристите  на плажа исклучиво да  одат рано наутро и доцна попладне. Да се користат и креми со највисок степен за заштита од опекотени, како и капа и очила за сонце.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, деновиве под итно заседавала Грчката национална организација за јавно здравје која донела важни превентивни мерки за заштита од  високите температури. Акцентот бил ставен на упатствата што треба да ги следат ранливите групи граѓани, како што се старите лица, бебињата и децата, бремените жени, хронично болните, спортистите и слично, но и оние кои се најмногу изложени на топлото време – туристите. Исто така било споменато дека посебно внимание треба да се посвети на бегалците и мигрантите и луѓето што живеат во сиромаштија и на старите лица кои живеат сами.

За македонските туристи е карактеристично кога одат на пат покрај гардероба, храна пиперки и домати, да обезбедат и торби полна со лекови. Токму затоа по некое непишано правило најголем број од матичните лекари во летните месеци пропишуваат лекови за на пат.

Први на листата се кремовите против изгореници, но и препаратите за заштита од каснување од инсекти, кои во аптеките се продаваат без рецепт. Во летните торби секогаш има лекови за висока темоература, против болки, за висок крвен притисок, за стомачни тегови, проливи и повраќање. За оваа намена лекарите препорачуваат некој од богатата понуда на  пробиотици, но и прашоци – електролити за дехидрација при дијареја.

Кога пак се патува со мали деца се практикува да се носи и спреј за рани и изгореници, крема за заштита од медузи, алергии, гел за миење раце… За заштита од стомачни вируси задолжително се  препорачува да се пие флаширана вода.

Лекарите исто така советуваат на своја рака да не се користат антибиотици, бидејќи некој од нив како што е антибиотикот „цитерал” може од дејството на сонцето да предизвика алергиски реакции, па дури и задушување.

Во некои летни аптека, каде може да се најдат и  фластери, завои, електронски апарати за заштита од комарци,а се препорачуваат  за заштитата од вирусот зика, нилска треска и маларија… Ако сте алергични  на овие хемиски средства може да се користи нешто и од бабината аптека, како што се природни лекови нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата. Тие содржат есенцијални масла кои имаат способност да ги блокираат центрите за дишење на комарците и така штитат од каснување.

Она што треба да знаат младите родители комарците се најактивни во зора и во самрак, односно кога ветерот е најслаб и кога има најмногу влага. Кремовите и лосионите за заштита од комарците на кожата дејствуваат до 90 минути.

За да нема изгореници по телото, дерматолозите  препорачуваат за заштита на лицето да се користи крем кој има заштитен фактор 50, а за тело може и со помал фактор, 30 или 20. Бебињата и малите деца внимателно да се сончаат и во периодот од 11 до 17 часот да не се носат на плажа.Матичните лекари потсетуваат хронично болните лица  пред да тргнат на пат да се  снабдат со својата редовната терапија.

Тие советуваат дека кога се патува во странство во земјите, каде што Фондот за здравствено осигурување на Македонија има потишано договор за здравствено осигурување, да не се носат медикаменти, но задолжително да се поседува потребната потврда која ќе им овозможи бесплатни здравствени услуги. Но засега како што информираат од оваа здравствена институција со Грција ваков договор не е потишан. За патување во Грција се препорачува патничко осигурување од некоја осигурителна куќа, бидејќи  само така може да се  си покриете некоја  медицинска услуга ако имате потреба од неа.

Тропските горештини продолжуваат да не горат

Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.

Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, информираат  од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР ). Според нив денеска во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината дневна ќе достигне до 32 степени.

В сабота (утре) минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени. Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда, за кога се прогнозираат максимални 31 степен.

(В.Ма.)