Гром удри во научник додека снимаше емисија: Го почувствував низ нозете, срцето, устата/ВИДЕО

895

Американскиот авантурист и научник, Форест Галанте, снимал емисија кога во него удрил гром.

Галанте снимал во Еверглејдс, длабоко во мочуриштето и зборувал пред камерата кога небото наеднаш се смрачило и додека бил свртен со грб, гром удрил директно во него.

„Почувствував потрес, како да сум парализиран. Водата се однесуваше како суперпроводник. Ударот помина низ моите нозе, стомак, срце, до устата. Една секунда подоцна скокнав на брегот“.