Грозно е тоа што го прават, не го почитуваат противникот

50
epa10350477 Neymar (L) of Brazil celebrates with teammates after scoring the 2-0 lead from the penalty spot during the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between Brazil and South Korea at Stadium 974 in Doha, Qatar, 05 December 2022. EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Репрезентацијата на Бразил со убедливи 4:1 ја доби 1/8 финалната пресметка против селекцијата на Јужна Кореја и во 1/4 финалната рунда ќе играат против светскиот вицешампион, репрезентацијата на Хрватска. „Кариоките“ одиграа совршено во првото полувреме и до 36 минута имаа убедливо водство од 4:0 со погодоците на Винисиус Жуниор, Неимар, Ричарлисон и Лукас Пакета.

Сосема очекувано, Бразилците во второто полувреме го намалија притисокот и во 76 минута, Сеунг-хоа Паик го постигна почесниот погодок за Јужна Кореја. Неимар, Ричарлисон и останатите репрезентативци на Бразил на посебен начин ги прославија сите четири погодоци. Играа самба после секој погодок, а дел од прославата беше и селекторот Тите кој се однесуваше буквално како тинејџер.

Таквото нивно однесување ни малку не им се допадна на фудбалските легенди, Рој Кин и Грем Сунес кои беа стручни коментатори во студиото на „ИТВ“.

  • Не ми се верува што гледам. Не ми се верува! Ми беше јасно дека ќе играат после првиот погодок и одличниот старт на натпреварот, но ова, што се случи подоцна, навистина нема смисла. Не ми се допаѓа. Луѓето зборуваат дека тоа било дел од нивната култура, но за мене, таквиот нивни потег е јасен сигнал дека немаат ни малку почит кон противникот, изјави легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

Уште покритичен кон Бразилците беше поранешниот репрезентативец на Англија, Грем Сунес.

  • Мислам дека е прашање само на време кога некој играч ќе удри некој Бразилец поради таквото однесување, изјави Сунес.

Четвртфиналната пресметка помеѓу репрезентациите на Бразил и Хрватска ќе се одигра во петок со почеток во 16:00 часот. Победникот од тој дуел во полуфиналето ќе игра против подобриот од 1/4 финалната пресметка помеѓу селекциите на Аргентина и Холандија.