Границите на Австрија остануваат затворени до 15 декември

54

Австриската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.

Границите требаше утре да бидат отворени за вакцинираните биде утре е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември.

Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување” е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере сојот Омикрон на вирусот”.

Австрија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично видок. Прва доза од вацината против Ковид-19 примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно имунизирани се 87 отсто.