Го чека поголем пекол од вирусот корона, ако сопругата дознае како го добил

1104

Во екот на пандемијата со вирусот корона, чисто за рамнотежа во мракот од секојдневните негативни вести, стасува и по некоја за човечката глупост и лудост.

Се чини дека ни смртно-сериозната состојба со вирусот корона во светот не е имуна на поривот да се „прошета малку од сопствената постела“. Како што секое време е создадено за љубов, така е создадено и за прељуба.

Но, каква врска има сето тоа со вирусот корона и најпогодената европска земја?

Па, каде ќе заминете со  љубовницата, ако не на „службено патување“ во Италија?

Маж од северот на Велика Британија кој во моментот се наоѓа во изолација, се заразил со вирусот корона за време на романтичниот викенд со љубовницата во Италија. Но, за неговата сопруга тоа бил службен пат па сега му се смее цела Англија.

Откако се вратил во Британија, отишол на тестирање и на лекарите им признал каде бил и со кого, ама не и на сопругата.

Таа и понатаму мисли дека сум се заразил за време на службеното патување. Неговата состојба не е сериозна па се шегуваме на негова сметка, изјави неименуван извор за британските медиуми.

Лекарите очекуваат целосно оздравување, ама него тоа не му е многу важно – тој е во целосен пекол чекајќи да види дали неговата сопруга ќе дознае што се пишува за него по весниците.

Извор:englishnewtrack.liv