epa10316682 Novak Djokovic of Serbia in action against Casper Ruud of Norway during the singles final of the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO ITALY OUT

Поранешниот директор на „Најк“ Мајк Накаџима изминативе денови крена голема прашина во јавноста откако се осврна на причините поради кои Новак Ѓоковиќ никогаш не бил заштитно лице на познатата американска компанија.

Наводно, Ѓоковиќ не бил по вкусот на управата затоа што често со себе носел контроверзи, додека во „Најк“ се стремеле кон совршенство, кое често во јавноста го претставувале Рафаел Надал и Роже Федерер.

Францускиот стручњак Патрик Муратоглу, пак им порача дека грешат, бидејќи на обичниот човек полесно се поистоветува со луѓе кои се покажуваат онакви какви што се – со сите маани и доблести, а совршенството е само лажна слика за јавноста. И не е единствениот кој се вклучи во дискусијава…

Директорот на компанијата „Лакост“, која веќе неколку години го спонзорира Новак Ѓоковиќ и не се откажа од него за време на пандемијата со коронавирусот во 2020 година, му одговори на Накаџима.

Така, Тиери Жиберт преку „други канали“ дознал за грдите зборови кои кружат за лицето на нивната компанија и му дал поддршка на Ѓоковиќ.

-Лакост е горд што го имаме Ноле и никогаш не би го избрале Надал, со сета почит кон него, напиша првиот човек на „Лакос“, со што уште еднаш покажа дека француската компанија му е верна на светскиот рекет број еден.

Новак Ѓоковиќ ги задржа повеќето од своите спонзори и покрај тоа што го пишуваа медиумите во 2020 година, а „Лакост“ го изненади за време на Австралија опен. Подготвија специјална јакна на која беше извезен бројот 22 што се продаваше во ограничен број, а за тоа не знаеше ниту Ноле.