Голема акција за чистење на градот

84

Општина Крушево во соработка со Здружението „Добредојде Macedonia Welcome Centere“, Амбасадата на Словачка во Република Северна Македонија и неколку други амбасади, здруженија и институции утре организираат уште една голема акција за чистење на градот.

Настанот под мотото „За чисто Крушево“ ќе започне во 11 часот, во Градски парк, со обраќање на претставник од Здружението „Macedonia Welcome Centere“, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, и амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, како и со музичка и ликовна програма подготвена од учениците од ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“.

По завршувањето на кратката програма секој учесник ќе добие кеси, заштитни ракавици и вода и со тоа официјално ќе започне акцијата за чистење на градот.

Настанот завршува со завршна церемонија во 15 часот, исто така во Градскиот парк.