Лука Степанчиќ, Никола Карабариќ, Арон Палмарсон, Расму Лауге Шмит, Гаспер Маргуч, Павел Атман, Хендрик Пекелер, се семо некои од ѕвездите кои нема да играат на Светското првенство во ракомет, кое во наредниве две недели се игра во Египет.

Хрватска која е еден од фаворитите за висок пласман на шампионатот во составот ќе ги нема Лука Степанчиќ и Домагој Павловиќ. Првиот на минатото ЕП беше без замена на својата позиција, па ја влоши состојбата со повредата на стапалото кое го оперираше на почетокот од септември. Павловиќ, пак на крајот од ноември ја повреди петата и испадна од конкуренција за настап на шампионатот.

Алфред Гисласон на своето прво големо натпреварување со Германија се соочи со многу проблеми. Главните ѕвезди во репрезентацијата Патрик Винчек и Хендрик Пекелер не сакаа да го остават семејството и во услови на коронавирус да играат на Мундијалот во Египет. Од истата пришина во тимот го нема и Штефан Вајнхолд, потоа Лемке, апоради повреда во тимот ќе го нема Колбахер, Сутон, Семпер, Виде…Се работи за торјца стандардни пикери и тројца левучари. Но, без разлика на се, исландскиот тренер го состави тимот што ќе ја брка титулата во Египет.

Полошо поминаа Швеѓаните, бидејќи нивниот избор и не е така богат како на Германија. Екберг, двајцата Нилсон, Лукас, Андреас, Јаспер, Неилсон, Апелгрин, Лагангер, Арнесон…исто така нема да играат на шампионатот. Некои од нив поради страв да не се заразат со коронавирус, други поради повреда.

Франција на овој шампионат ќе биде без главната ѕвезда Никола Карабатиќ, кој не се опорави од повредата. Во последен момент се повредија и Жил и Пранди.

Бранителот на титулата, тимот на Данска на овој шампионат ќе игра без Расмус Лауге, кој со Хансен ја држи играта под конец. Скандинавците во Египет ќе го немаат и Каспер Мортесен, ниту пак корона позитивниот Хенрик Тоф Хансен.

Шпанија во Каиро пристигна без најдобриот пикер Хулен Агинагалде, а го нема ниту Гурбиндо, бидејќи Душебаев и Македа имаат предност. Норвешка е без повредениот Род, но Берге на оваа позиција го има тонесен, Реинкинг и Танген.

И во репрезентацијата на Исланд ќе ја нема најголемата ѕвезда Арон Палмарсон, Словенците ќе играат без Гаспер Маргуч, Австријците без Билики Божовиќ, а Русите ќе бидат без вечно повредениот Атман, Дибиров, Калараш, Шкурински…