Сабицер е сериозен проблем

105

Германските медиуми открија дека бундеслигашот РБ Лајпциг има сериозен проблем со австрискиот интернационалец Марсел Сабицер. Стандардниот првотимец има договор кој е со важност до 2022 година, а пред неколку дена ги информирал клупските челници дека не сака да ја продолжи соработката за уште неколку сезони. Поради таквата ситуација, челниците на РБ Лајпциг се принудени да стават крај на соработката на крајот од актуелната сезона.