Велемајсторот Кирил Георгиев е победник на традиционалниот меѓународен турнир во забрзан шах „Алкалоид Рапид Опен 2024“. Поранешниот светски младински првак го оправда статусот на фаворит, па со осум победи и три реми стигна до победничкиот трофеј.

Второто место го освои актуелниот шампион на Македонија, ВМ Звонко Станојоски кој освои 9 поени. Третото место му припадна на ИМ Станковиќ Милош од Србија кој ја предводеше групата од 7 играчи со 8,5 поени.

Наградата за најдобро пласирана шахистка и припадна на ЖИМ Величковски-Нејковиќ Маја од Србија. Од јуниорската школа на Алкалоид најуспешен беше Матео Ефтовски кој со 8 поени ја освои наградата за најдобар играч во категоријата играчи под 2000 рејтинг поени.

На турнирот настапија 234 шахисти од седум земји.