????????????????????????????????????

Освојувачот на среберн медал од Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, не заборави дека весникот ВЕЧЕР беше и ќе биде еден од неговите најголеми подржувачи кон врвот во таеквондото.

-Од сè срце ви го честитам роденденот. Вие секогаш сте биле мои најголеми поддржувачи, дури и во моментите кога повеќето медиуми не знаеја и не веруваа во мене дека можам да се искачам на самиот врв. Бевте со мене кога повеќето сè уште немаа слушнато за таеквондо, а тука бевте и кога се вратив со  олимпиското сребро. Заедно го прославивме медалот, заедно го славиме и вашиот роденден. Бескрајно ви благодарам за поддршката и да прославите уште многу, многу, многу родендени, вели Георгиевски.

Тој проговори и за историскиот момент и освоеното олимписко сребро во Токио.

-Тој момент ќе го паметам цел живот, моментот кога македонското знаме се вееше највисоко во борилиштето. Ова беше успех на цела Македонија, не само мој, за мене беше медалот, но успехот е на нацијата, поради што сум особено горд. Исто така, морам да го споменам и пречекот на плоштадот, по освоеното сребро, момент кој засекогаш ќе остане во моите сеќавања, а вие како медиум бевте со мене сите овие моменти на радост, што ми е особено драго, додаде таеквондистот.