Ганц побара од Блинкен да го преиспита воведувањето санкции за баталјонот на ИД

464

Израелскиот министер за воен кабинет, Бени Ганц, побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен да го разгледа планот за воведување санкции на баталјонот Нецах Јехуда на израелските одбранбени сили (ИДФ), соопшти денеска канцеларијата на Ганц.

Во соопштението се наведува дека Ганц му рекол на Блинкен дека наметнувањето санкции на баталјонот, кој е претежно составен од ултраортодоксни Хареди Евреи, не само што ќе му наштети на меѓународниот легитимитет на Израел додека се бори против Хамас во Појасот Газа, туку и дека нема оправдување за САД да воведат санкции.

Ганц, поранешен началник на Генералштабот на ИД, рече дека судскиот систем на Израел е силен и независен и дека сите израелски воени единици се предмет на кодекс на однесување и наредби во согласност со меѓународното право, објави „Тајмс оф Израел“.