Еден дел од француските медиуми ја пласираа и информацијата дека актуелниот шампион, тимот на ПСЖ, ќе се обиде да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Гави. Иако во договорот на дефанзивниот играч за врска има ослободителна клаузула од милијарда евра, челниците на ПСЖ се убедени дека Барса ќе седне на преговарачката маса со понуда не помала од 100 мил. евра.