Лазар Ристовски во главната улога: „Кралот Петар Први“- српски кандидат за Оскар

213

Филмот „Кралот Петар Први“ од Петар Ристовски е српски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар странски филм, одлучи мнозинството гласови од Стручниот комитет на АФУН, пренесоа српските медиуми.

Во филмот, во кој главната улога ја толкува Лазар Ристовски, кралот Петар Први, кој како млад човек е протеран од Србија, многу години подоцна се враќа во својата земја за да го ослободи својот народ, да обезбеди парламентарна демократија и ја започне реконструкција на Србија.

Покрај остварувањето на Ристовски, пријавени биле и филмовите „Случајот Макавејев или Процес во кино салата“ на Горан Радовановиќ, „Делириум тременс“ на Горан Марковиќ, „Режи“ на Коста Ѓорѓевиќ, „Терет“ на Огнен Главониќ и „Шавовите“ на Мирослав Терзиќ. Филмот „Кралот Петар Први“ добил 10 гласови, „Шавовите“ и „Делириум тременс“ по пет, а „Терет“ еден.

Наградите Оскар во повеќе категории ги доделува Американската филмска академија и истите се врачуваат на свеченост во февруари, во Лос Анџелес, секоја година.