Врховниот суд на Јапонија пресуди: Задолжителната стерилизација при промена на полот е неуставна

108

Јапонскиот Врховен суд, вчера, пресуди дека е неуставен законот со кој се бара од трансродовите лица да ги отстранат репродуктивните органи за официјално да се одобри нивната промена на полот.

Американските медиуми пренесуваат дека ова е првата одлука на Големиот судски совет од 15 судии на Врховниот суд, што се однесува на уставноста на јапонскиот закон од 2003 година, со кој се бара отстранување на репродуктивните органи од трансродовите лица со цел официјално да се признае нивната промена на полот.

Тужбата беше поднесена од трансродова жена, која беше одбиена од пониските судови и идентификувана само како жител на западна Јапонија. Таа првично поднесе тужба во 2000 година тврдејќи дека условот за операција претставува огромен економски и физички товар и го прекршува Уставот.

Меѓународните групи за човекови права и медицинските организации го критикуваа јапонскиот закон за трансродови лица од 2003 година како нехуман и застарен.

Јапонија е единствената членка на Г7, која не дозволува истополови бракови.