СЕ ОТВОРА НОВ ФРОНТ? Сè повеќе израелски војници на границата со Либан

1109
Фото: EPA

Денеска се засили размената на оган на границата меѓу Израел и Либан, како и зголемена концентрација на израелската армија на таа граница. Како што јави дописникот на SkyNews, Израел се подготвува за можно отворање на втор фронт долж својата северна граница.

Израелските позиции таму се засилени додека војската реагира на нападите од Сирија и Либан.

Денеска лидерот на либанскиот Хезболах се сретна со лидерите на палестинските милитантни фракции Хамас и Исламски џихад и разговараа што мора да направи нивниот сојуз за да се постигне „вистинска победа на отпорот“.

Во исто време, израелската армија се закани дека ќе ги казни со жестоки удари сите милитанти кои ќе се обидат да ја искористат војната со Хамас за да го нападнат Израел.