Во Хрватска бараат да не се оди во пензија на 67 години

111

Почитувајќи ја волјата на граѓаните, ќе предложиме и измени на законот, за оние што не сакаат да работат над 65-годишна возраст – рече Пленковиќ.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека целосно ќе го преземе предлогот на иницијативата „67 е премногу“, дека ќе има измени во законот за пензиско осигурување и ќе го испрати до Собранието на усвојување.

Пленковиќ истакна дека благодарение на пензиската реформа, 13.500 луѓе повторно се вратиле на пазарот на трудот и дека сакаат да им дадат можност на оние кои сакаат да работат подолго.

– Почитувајќи ја волјата на граѓаните, ќе предложиме и измени и на Законот за работни односи и на другите закони за трудовно-правниот статус на таков начин што оние што сакаат да можат да работат и над 65-годишна возраст – рече Пленковиќ.

Организаторите на синдикалната иницијатива „67 е премногу“ во Хрватска собраа повеќе од 600.000 потписи за распишување референдум, со цел да се спречи зголемувањето на старосната граница за заминување во целосна пензија на 67 години.