Во Турција се урна мал авион, загинаа две лица

143

Две лица загинаа денес во падот на мал авион во северозападната турска провинција Бурса, јави Анадолија.

„Едномоторно летало се урна во населен регион во близина на фабрика за природен гас во округот Османгази“, рече гувернерот на Бурса Јакуп Чанболат.

Авионот полетал на лет за обука од Памукова во соседната провинција Сакарија.

Спасувачките екипи излегле на терен откако вработените во фабриката ги известиле за несреќата.

„Причината за несреќата се уште не е позната, но истрагата е во тек“, изјави Канболат.