Во Скопје санкционирани 172 возачи

15

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштија од Министертсвото за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека биле изречени и девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за непочитување на првенство на минување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.