Норвешката ракометна репрезентација не успеа да ја потврди големата победа над Шпанија во претходното коло и ја заврши борбата за трофејот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Норвежаните во скандинавското дерби имаа контрола и водство во текот на целиот натпревар против Шведска, но кога беше најпотребно влегоа во криза и „трите круни“ со серија од пет гола извојуваа херојска победа од 24:23 и се пласираа во полуфиналето на шампионатот.

Швеѓаните, иако ослабени поради отсуствата на неколку клучни играчи (поради ковид), квалитетно го отворија мечот во Братислава и долго време играа рамо до рамо со фаворизираниот противник и на крајот стигнаа до посакуваната цел, пласман во полуфиналето.

-Во последните пет минути од натпреварот ние се боревме како животни едни за други. Не престанавме да се бориме до поседната секунда од мечот, а тоа ни донесе пласман во полуфиналето на турнирот, изјави десното крило на Шведска, Никлас Екберг.

Хринц со шест гола беше најефикасен во редовите на Шведска, а два помалку впиша Готфридсон. Кај Норвешка се истакна Раинкинд со шест погодоци.

Германија ја добија драмата против Русија и со минимална победа од 30:29 го завршија настапот на Европското првенство.

Шпанија во драматичен натпревар успеа да слави над Полска (27:28) и така се искачи на првото место и како лидер ќе патува во полуфиналето на турнирот.

Фуријата“ се наоѓа на две победи од трета по ред европска круна, со што ќе се изедначи со најдоминантната репрезентација во историјата на континенталните шампиони – Шведска.